Индија ќе го ограничи пристапот до Таџ Махал

Сподели со своите пријатели

Индија ќе го ограичи бројот на туристи кои сакаат да го посетата Таџ Махал со цел зачувување на најпознатиот индиски споменик, соопштуваат денеска тамошните власти.

Таџ Махал, кој се наоѓа близу Агра, 200 километри јужно од Њу Делхи, секоја година го посетуваат неколку милиони туристи и претставува неизбежен дел од посетата на секој странец.

Просечно помеѓу 10.000 и 15.000 луѓе дневно го посетуваат споменикот, а за викенди дури и 70.000.

– Сакаме да ја обезбедиме иднината на споменикот. Ракувањето со маса луѓе стана вистински предизвик за нас, рекол за Франц Прес неименуван службеник на индиската агенција за археологија.

Ограничувањето нема да се однесува на странските туристи, кои плаќаат 13 евра за посета, туку за Индијците. Властите навеле дека до 40.000 луѓе ќе можат дневно да го посетат споменикот.

Таџ Махал е изграден помеѓу 1631 и 1654 година, а го граделе 22.000 луе. Шах Џахан наредил изградба на тој мавзолен за својата омилена жена, Адрџуманд Бано Бегум, која е попозната како Мумтаз Махал.

Таџ Махал се смета за врвно остварување на могулската архитектура, стил на комбинација кој комбинира елементи на персиски, индиски и исламски архитектонски стилови.