Индија го добива првиот хиперавтомобил: Јакиот АЗАНИ „крие“ 1.000 коњи под хауба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога зборуваме за автомобилската индустрија во Индија, прво ги споменуваме компаниите Тата, Махиндра и Марути Сузуки (најпопуларниот бренд на пазарот).

Loading...

Во меѓувреме, се појави нов играч – Mean Metal Motors, препознатлив по концептот на првиот супер автомобил во Индија (М -нула).

Инженерите на оваа куќа отидоа чекор подалеку и го претставија електричниот хиперавтомобил Азани, кој „крие“ 1.000 коњи под хаубата!

Молскавично

Спецификациите на моделот звучат фантастично. Неговата максимална брзина е 322 км / ч, а достигнува „стотка“ за две секунди. Батерискиот пакет (120 kWh) гарантира автономија до 523 километри.

Азани ќе ја добие најсовремената опрема, како и опцијата за (безжична) надградба, пренесува специјализираниот портал Мотор1.

Иако компанијата не објави кога хиперавтомобилот ќе пристигне на пазарот, ниту пак неговата цена, заинтересираните купувачи можат да го нарачаат на страницата.

Додека не добиеме повеќе информации за амбициозниот проект, погледнете го концептот М-нула претставен во 2015 година.

Loading...

 

Leave a Reply