Индија ги крена ловците: Ирански авион пресретнат над Њу Делхи!

Сподели со своите пријатели

Индиските воздухопловни сили (ИАФ) денеска соопштија дека борбени авиони пресретнале странски авион од Иран кој се движел кон воздушниот простор на Њу Делхи.

Loading...

Според извештаите, воздухопловните сили прво добиле информација за можноста од бомба во авионот, што предизвикало тревога.

Меѓутоа, набрзо добиле информација од иранската престолнина Техеран да го игнорираат стравот од бомба и дека летот продолжил по својот пат, објави Ројтерс.

Авионите го следеле леталото на безбедно растојание и на авионот му беше понудена опција да слета на два аеродроми во северозападна Индија.

„Сепак, пилотот изјави дека не сака да пренасочува кон ниту еден од двата аеродроми“, се вели во соопштението на ИАФ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Податоците од радарот на летот покажаа дека летот V581 на Mahan Air кружел неколку пати над северна Индија, западно од Њу Делхи, пред да продолжи по копно кон Мјанмар.