Индиец ја држи раката крената веќе 50 години: „Тоа е моја порака за мир, не чувствувам болка“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Амар Бхарати е човек кој во 1970-тите имал се што може да посака еден човек. Иако живеел во сиромашна Индија, имал пристојна работа во банка, свој стан и сопруга и три деца.

Loading...

Но, тој не бил задоволен од начинот на живот и светот околу него. Еден ден, тврди тој, доживеал целосно просветлување, пишува Дејли Стар.

 

 

Потоа решил да му го посвети животот на индиското божество Шива и ветил дека никогаш нема да ја спушти десната рака.

Ја напуштил работата, пријателите и семејството и станал саду („свет пустиник“). Ова е, како што самиот им кажа на германските новинари кои го посетиле, неговиот начин на промовирање мир во светот.

 

Loading...

 

– Не барам многу. Не разбирам зошто луѓето постојано се во војна. Не знам што нѐ тера да се мразиме. Сакам Индија и целиот свет да живеат во мир – изјави тој во интервјуто пред десетина години.

Не се знае точно кога почнал да го практикува овој завет, најчесто се споменува 1973 година, но вели дека повеќе не чувствува болка.

 

 

– Првите две години беа тешки. Болката беше исклучително силна, но со текот на времето целосно го изгубив чувството во раката – признава Амар.

Loading...

На Инстаграм и на другите социјални мрежи има неколку фотографии од туристи кои успеале да го пронајдат овој пустиник за кој се знае многу малку.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Henning Daverne (@henningdaverne)

 

Па дури и да реши да ја спушти раката, се расправаат корисници на разни форуми, тоа веројатно нема да биде возможно без тешки повреди бидејќи раката изгубила циркулација, а коските во неа се тешко оштетени.