Многу често сме сведоци како странските имиња добиваат свои домашни верзии за да се прилагодат на локалното население.
Обично тоа преведување се прави исправно, но постојат одредени случаи кога термините и не се преведуваат најдобро, а што е најлошо, веќе се втемелени во домашниот јазик.
За што точно се работи погледнете низ следните примери со имињата на светски познати компании.
HUAWEI
Сигурно го читате Хуавеј, така? Но, вистинскиот начин на изговор е Вавеј.
HYUNDAI
Дали некогаш сте имале ваков автомобил? Правилниот изговор би требало да биде Хјанде. Само внесете го зборот на Google Translate и префрлете на корејски и ќе се уверите.
NIKE
Иако скоро сите на нашите простори го изговараат Најк, сепак правилно е Најки. Најк е присвоен збор како некоја варијанта на европско име, но оргиналното е сепак Најки.
ADOBE
Исто како и со оваа компанија. Правилен изговор е Адоби.
LAMBORGHINI
Овој супер брз автомоил кај нас се чита Ламбурџини, но на италијански е Лаборгини.
SERGIO TACCHINI
Ги знаеме како Серџио Тачини, но правилно е Серџо Такини.