По Јосип Броз Тито се наречени многу плоштади, паркови, улици во Индија, Тунис, Египет, Русија, Бразил, Италија…
Во Загреб до неодамна постоеше Плоштад на маршалот Тито, но улиците, плоштадите, парковите и плажите со Тито и натаму постојат ширум светот и тоа над 180.
Во регионот најмногу ги има во Војводина и Истра, а истарскиот град Рабац има и плажа на маршалот Тито. Името на Брзо го носат и улици во градови во Африка, Азија, Европа и Јужна Америка, особено во земји на некогашниот блок на неврзаните.
Улица на Тито има во Њу Делхи – Индија, Адис Абеби – Етиопија, Луанди – Ангола, Акри – Гана, Сусу – Тунис, Каиро – Египет, Москва – Русија, Сао Паоло – Бразил и во неколку италијански градови.
Пто се однесува на некогашните југословенски републики, ситуацијата е следна: главната улица во Сараево го задржана името Улица на маршалот Тито, а во цела Босна и Херцеговина има 19 улици со негово име.
Низа улици во Македонија исто така го носат името на поранешниот лидер на СФРЈ, а ги има и во Грција, и сите поранешни југословенски републики.