Кори Вилкинсон доживеал голема животна драма и се изборил за живот по операција која се смета за рутинска.
Тој бил опериран од крајниците во градот Гримсби, по што бил пуштен дома и заминал во Лидс да биде со својата девојка додека закрепнувал.
Неговото семејство добило телефонски повик кој сите ги шокирал. Имено, Кори бил итно хоспитализиран, а потоа повторно опериран бидејќи добил многу крвавење.
Завршил на респиратор и со цевка за хранење.
Лекарите се обиделе да го извадат од апаратот за дишење, но Кори доживеал срцев удар.
Семејството е информирано дека момчето можеби нема да преживее и да се подготват за најлошото, пренесува The New York Post.
Неговата мајка рече: „Останавме во Лидс бидејќи ни рекоа дека е сомнително дали ќе преживее. За среќа, тогаш почна да реагира со ракување“.
Сега тој се опорави доволно за да може да стане, но сепак му треба помош при јадење бидејќи се мачи да голта.
Не може да зборува, ниту да оди и има долг пат пред него. Сѐ уште не е јасно дали настанала трајна штета, но Кори наскоро треба да биде префрлен во центар за рехабилитација.
„На Кори ќе му треба многу опрема за да му помогне да закрепне и ќе му требаат некои прилагодувања дома за да може да биде безбеден кога ќе се врати, па ќе ги цениме сите донации“, рече неговата мајка.