Има мртви и ранети во нападот на Хутите врз Абу Даби (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а шест се повредени во експлозија на цистерна со гориво во Абу Даби, јавува државната новинска агенција.

Loading...

Jеменските бунтовници Хути (движењето АнсарАлах) претходно денеска објавија дека ги нападнале Обединетите Арапски Емирати, откако властите во таа заливска држава пријавија два пожари во главниот град Абу Даби, кои најверојатно биле предизвикани од беспилотни летала.

 

 

Полицијата во Абу Даби во соопштение соопшти дека три камиони – цистерни експлодирале во индустриска зона во близина на магацинот на нафтената компанија „АДНОЦ“, како и дека избил пожар на градилиштето на меѓународниот аеродром во Абу Даби.

 

Loading...