Има луксуз, нема луѓе: „Градот на љубовта“ ги чека посетителите

Сподели со своите пријатели

Тоа е благослов за туристите, но пропаст за хотелиерите и угостителите. Париз во моментов е празен како ретко лпга.

Loading...

Оние што го посетуваат сега, нема да мораат да чекаат во бескрајни редови пред најважните знаменитости. Париз е место за кое треба да се копнее.

Главниот град на Франција е еден од најпосетуваните градови во светот. Секое дете ја знае Ајфеловата кула. И сега, поради кризата со коронавирусот, жителите на Париз го имаат својот град и неговите знаменитости само за себе.

 

https://www.instagram.com/p/CD9-J1no3WR/

 

Но, тоа не е утеха, затоа што последиците од кризата се големи. Тие се особено забележителни во туризмот.

Очигледно, туристите повторно се наоѓаат во градот уште од пред две недели, но ако прошетате по улиците на француската метропола деновиве, тешко дека ќе ги забележите.

Loading...

Лоша година

Минатата година, поширокото подрачје на Париз забележа 50 милиони гости. Омилени места беа базиликата Св. Срца на Монтмартр со единаесет милиони посетители, по што следат Лувр со 9,6 милиони и Ајфеловата кула со 6,2 милиони туристи. Тоа е бизнис тежок милијарди долари.

И, јасно е дека Париз нема да ги достигне тие бројки оваа година. Имено, многу туристи со поголема куповна моќ доаѓаат од САД, Блискиот исток и Азија, пред се од Кина. За нив се применливи рестриктивни мерки за влез во земјата. А луксузните хотели и продавниците сметаат на нив.

 

https://www.instagram.com/p/CD98WFDHfqd/

 

„Може да се каже дека половина од хотелите се затворени“, вели Френк Делве, претседател на хотелската асоцијација во Париз (UMIH).

Тој објаснува дека ова е последица на отсуството на посетители од странство. Секој што поминува покрај луксузни хотели како „Бристол“ или „Шангри-Ла“ може да го потврди тоа – хотелите се затворени, барем до септември.

Loading...

„Има големи загуби во луксузниот туризам, во врвни хотели и ресторани со sвезди“, се жали Делве.

Има луксуз, нема луѓе

Секој што некогаш бил во луксузната стоковна куќа „Галери Лафајет“ знае дека има редица пред елегантните бутици на приземјето. Купувачите, претежно од Азија, купуваат таму на големо. Од крајот на мај, таа стоковна куќа работи повторно, но нема редици. Затоа насекаде има лица под заштитни маски.

Делве вели дека сега е вистинско време да го посетиме Париз:

„Нема сообраќаен метеж, нема редици пред знаменитостите, има места на терасите на ресторанот“. Влезот во Версајскиот замок е само 20 минути за време на викендите – тоа е скоро незамисливо. Билети за Ајфеловата кула во ист ден? Нема проблем. Само оние што сакаат да одат на врвот треба да бидат малку трпеливи. Секако, има многу луѓе околу Мона Лиза во Лувр, но затоа само неколку луѓе чекаат на влезот на катакомбите. Таму е неподнослива толпа во нормални времиња.

 

https://www.instagram.com/p/CD40H7ypVbT/

 

Loading...

Градот делува како огромна тераса – рестораните добија одобрување за зголемување на капацитетот на отворено. Улиците и паркинзите се претворени во бавчи, а автомобилите треба да отстапат.

Германците полека доаѓаат повторно

Германските туристи се важни за Париз. Минатата година пристигнале еден и пол милиони посетители од соседната земја. Во просек, тие останале 3,2 дена и го „збогатиле“ градот со 550 милиони евра. Само Британците, Шпанците и Италијанците се подобри од германските туристи, кога станува збор за Европејците.

Надин Донат (42) од Лајпциг ги носи германските туристи низ градот. Дошол во Париз како танчер, но се повредил и ја сменил професијата.

„За време на пандемијата, моите туристички групи беа откажани. Не е лесно. Кога се воведоа рестриктивните мерки, морав да побарам помош за невработените, а потоа и социјална помош. Незгодно е за мене да го кажам сето тоа, но така е”, вели Надин.

Патните ограничувања меѓу Германија и Франција се укинати од почетокот на јуни, а Надин забележува позитивен тренд.

Loading...

„Постои впечаток дека луѓето се осмелуваат да дојдат повторно – од околу 1 јули, туристите повторно се во градот“, вели таа и проценува дека ќе имаат 40 проценти од работата во однос на минатата година.

 

https://www.instagram.com/p/CD4jpb0JLJS/

 

Поглед во 2021 година.

Loading...

Пред избувнувањето на пандемијата, таа имала идеја да организира романтични понуди за парови во „градот на љубовта“:

„Имав идеја кога маж минатата година ме праша да му помогнам да го организира свршувањето на својата девојка“.

Сега работата полека започнува. Париз веќе поминува низ тешки години – од терористички напади, па сè до демонстрации на „жолтите елеци“ што го опустошија градот со месеци. Штрајк на железничките работници ги погоди хотелиерите и угостителите во средината на Божиќната сезона. И сега Ковид 19.

Претседателот на Здружението на хотелиерите „Делве“ сепак мора да гледа кон иднината: „Следната 2021 година ќе биде добра година. Луѓето од целиот свет ќе сакаат да го посетат Париз“, тврди тој, додавајќи дека се надева дека градот следната година ќе има рекорден број посетители.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/CD4MByngi_n/

Leave a Reply