Има 48 години се ожени со 13-годишно девојче: Таа му е петта жена! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тринаесетгодишно девојче било принудено да се омажи за 48-годишен маж на свадбена церемонија на Филипините.

Loading...

Венчавката се одржала во градот Мамасапано на 22 октомври.

 

 

Вознемирувачките фотографии се доказ за ужасната практика што им овозможува на девојките да се венчаат, под присила. На една од шокантните слики се гледа како маж бакнува дете по образ.

Девојчето-невеста станало петтата сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а свадбата била извршена според исламските обичаи.

 

Loading...

 

„Среќен сум што ја најдов и да ги поминувам деновите со неа додека се грижам за моите деца“, рече тој за својата венчавка.

Планира да има деца со петтата сопруга кога таа ќе наполни 20 години.

Тој додаде дека ќе ја испрати на училиште за да биде подготвена да стане мајка.

 

 

Loading...

Во некои делови на Филипините, особено во регионот Минданао со муслиманско мнозинство, на малолетни девојчиња им е дозволено да стапат во брак веднаш штом ќе имаат менструација.

Leave a Reply