Има 32 години и титула „кралица на нарко картелот“: Еве како денес живее сопругата на Ел Чапо (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ема Коронел Аисупуро ги поминува своите затворски денови во Вирџинија, во окружниот затвор, затворена во самица. Внатре, според нејзиниот адвокат, Ема чита љубовни романи за да го натера времето да помине побрзо.

Loading...

Животот во затвор е остра спротивност со она на што е навикната Ема. Пред само неколку месеци, таа планираше да лансира линија за облека наречена „Ел Чапо Гузман“. Бидејќи Ема сѐ уште има статус на стилска икона во Мексико.

Во 2020 година, Ема беше уапсена и обвинета дека му помогнала на нејзиниот сопруг, господарот на дрогата, да го води озлогласениот картел Синалоа.

 

Гузман (64), попознат како Ел Чапо, сега отслужува доживотна казна затвор во затворот во Колорадо.

Ема е обвинета и за помагање и организирање на бегството на нејзиниот сопруг од мексиканскиот затвор во 2015 година.

Аналитичарите кои внимателно ги следат настаните со трговијата со дрога низ целиот свет, зборуваат за Ејми Коронел со малку стравопочит, бидејќи она што го постигна како млада жена, никој не успеал.

Loading...

Имено, сопругата на Ел Чапа е јавна личност, чувар на капијата, рака што настапува кога станува збор за работите на нејзиниот сопруг.

 

Аналитичарите тврдат дека Ема е единствената жена – нарко бос која успеала да остане на моќна позиција.

„Кога се занимавате со овој бизнис, или ќе бидете фатени или ќе умрете“, изјави за Би-Би-Си Дерек Малтез, поранешен специјален агент за борба против дрогата.

Таа покажа најголема сила кога нејзиниот свет пропадна. Како што обрачот се стегаше околу неа, тогаш таа планираше нова модна линија. Кога беше во тек судењето на нејзиниот сопруг, таа шеташе низ градот насмеана, излегувајќи на кафе со својата мајка…

„Таа е силна личност. Ема знам дека е секогаш насмеана, полна со енергија”, вели нејзиниот адвокат.

 

Loading...

Како Ема воопшто се омажила за маж двојно постар од неа?

Ема имала само 17 години кога Гузман дошол во нејзиниот мал град. Без оглед на тоа што таа во тоа време излегувала со локално младо момче, Гузман одлучил дека таа ќе биде негова сопруга.

Се шпекулираше дека организирал натпревар за убавина на кој инсистирал Ема да победи.

Неколку години подоцна, таа му родила две ќерки, Марија и Емили, кои се израснати во Америка.

За време на судењето на нејзиниот сопруг, Ема доаѓаше на суд секој ден. Облечена во тесна и брендирана облека, нашминкана и прилагодена на најновите стандарди за убавина, таа се насмевна и ја покажа својата волшебна фигура.

Додека се ширеа приказни за насилството што го извршил нејзиниот сопруг, Ема седеше тивко. Дури и кога се зборуваше за неговите бројни љубовници, на негуваното лице на Ема не можеше да се види ниту една излишна емоција.

 

Loading...

Кога љубовницата на Гузман сведочеше против шефот на дрогата, Ема не ни трепна. Многумина мислеа дека сопругата на Ел Чапо е будала, но таа инсистираше на тоа дека нивниот брак е посилен од се.

Кратко потоа, таа беше уапсена и затворена без да може да излезе наскоро. Споменатата љубовница на Ел Чапа, исто така, беше затворена како соучесник на наркобосот.

Кога адвокатот ѝ кажал на Ема дека и љубовницата е во затвор, Ема тажно рекла:

„Тоа е само уште една мајка разделена од своите деца.

 

Loading...