ИМА 32 ГОДИНИ, А 12-то ДЕТЕ Е НА ПАТ: Прв пат се породила на својот 16-ти роденден

Сподели со своите пријатели

Британката Бритни Чрч има 32 години и единаесет деца, а дванаесетто е на пат! Таа го родила своето прво бебе – денес 15-годишната тинејџерка Крисман, само шест дена откако го прославила својот 16-ти роденден.

Loading...

Бритни ја родила Крисман во брак со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, а покрај оваа девојка, парот има уште четири деца – Џордан (13), Калеб (12), Џејс (12) и Каденс (11). Сепак, следувал развод, но оваа мајка наскоро открила дека е бремена со своето шесто дете – девојче по име Џесалин, кое денес има 8 години.

Бритни тогаш се омажила за Крис кој сонувал за големо семејство. Со него има два сина, а потоа пред нешто повеќе од една година имаа и тројка –  три момчиња. Парот не застанал тука, бидејќи заедно имаат само машки деца, сакаат и едно девојче, па Бритни сега е бремена со своето 12-то дете.

Бритни дури објави видео на Тик Ток во кое одбројува до прегледот каде ќе се открие полот на бебето, а потоа покажува колку е среќна што навистина носи девојче.

“Се надевам дека ќе се обидеме да имаме уште едно девојче. Мислам дека нема да имам 15 деца. Но, не очекував ниту 11”, рече таа минатата година откако роди тројка.

Loading...

Бритни исто така објасни дека финансиски е тешко да се справат со бројните потреби на големо семејство и дека најголемиот дел од парите одат на храна – околу 330 американски долари неделно. На пример, тие трошат повеќе од 65 литри млеко и повеќе од 600 пелени за седум дена.

“Луѓето мислат на сè и имаат некои претпоставки кои едноставно не се точни. Ние сме како и сите други луѓе. Ние не сме на социјална помош, иако не ги потценуваме оние на кои им е потребна. Ние не сме необразовани и не сме католици или мормони ,” таа рече.

Инаку, Бритни е многу влијателна на социјалните мрежи – над 1,5 милиони луѓе ја следат таму и блогира за дневните настани и авантурите на едно семејство со толку многу деца и на тој начин заработува пари.

Leave a Reply