ИМА 203 САНТИМЕТРИ: Ова е највисокиот шестооделенец во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рен Кеју, ученик во основно училиште од кинеската провинција Сечуан, има само 11 години веќе достигнал височина од 206 сантиметри. Со таква височина која е далеку над просеокт, оваа момче веројатно е највисокиот ученик во шесто одделение во светот.

Според статистиката, просечен 11-годишник во Кина е висок 1,453 метри, што е височина која Рен ја имал додека бил во градинка, а сега му треба посебна столица за да нормално ја следи наставата.

Кога прв пат го виделе, неговите наставници мислеле дека се работи за многу постар ученик кој ја погрешил училницата и го замолиле да се врати во своето одделение.

Сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди

Некои негови колеги го исмеваат, но Рен се надева дека во некој момент во животот неговата натпросечна височина ќе стане предност – за почеток, се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

СРЕДБА ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Највисокиот маж и најниската жена во светот (фото)

Loading...

Неговите баба и дедо велат дека отсекогаш бил повисок од останатит едеца од неговата возраст. Како што растел, го одвеле на лекар. Истражувањата покажале дека со енговитехормони и работата на хипофизата е се во ред. Неговата баба верува дека работата е во генетика, па дека Рен вистина ја наследил од својата мајка. неговата мајка имено била висока 1,9 метри, што е многу необично за жена во Кина, додека неговиот татко имал 1,8 метри.

Височината има и свои предности

– Кога сам одев во градинка, воспитувачките секогаш оставаа јаболки високо на орманот. Јас бев единствениот доволно висок да ги дофатам и изедам, рекол за „Чајна тудеј“.

И покрај проблемите, изненадените погледи и шегите на сметка на неговата височина, Рен не е сигурен дека сака да престане да расте.

– Некако истовремено се надевам дека ќе продолжам да растам и дека нема. Сакам да бидам доволно висок за да велзам во Гинисовата книга на рекодни, но не ми се допаѓаат секојдневните компликации со мојата височина, рекол тој.

На прв поглед тој без проблеми наскоро би можел да ја понесе титулата највисок тинејџер во светот. Во Гинисовата книга на рекорди овој рекорд го држи кевин Брадфорд, кој во 2015. година имал 2,15 метри, но тој во тоа време имал 16 години. Според тоа, Рени со своите 11 би станал новиот светски рекорд за највисок ученик во шестто одделение, пишуваат кинеските медиуми.

https://youtu.be/BN_5xsNS6yg

Leave a Reply