Има 106 години и 300.000 фанови на YouTube (видео)

Сподели со своите пријатели

Баба Мастанама од селото Гудивада во индиската држава Аднра Прадеш има 106 години и е најстарата јутјуберка во светот. Нејзиниот канал „Country foods“ има над 300.000 следачи.

На каналот која го одржува нејзиниот внук Лакшман се наоѓаат снимки од нејзините кулинарски способности.

На 106 години стана најстарата невеста во светот (фото+видео)

Loading...

На идеја за стартување на каналот дошол нејзинито внук и неговите другари кога во една прилика таа им подготвила прежен ориз. Снимиле видео и го поставиле на YouTube. Таа снимка за кратко време станала доста гледана и вирална.

На бабата во почетокот не и био јасно што прави нејзиниот внук, а подоцна кога сфатила била многу среќа што толкав број луѓе ги гледаат нејзините снимки.

Луѓето кои живеат во градовите целосно го заборавиле традиционалниот начин на готвење. Јас сакам да им покажам како некогаш се готвело – вели Лакшман.

Најстарата гимнастичарка во светот – има 90 години и прави чуда на разбој (видео)

Баба Мастанама вели дека се уште е доволно силна и дека во нејзините години ништо не и паѓа тешко. И покрај тоа што има проблеми со видот, не и паѓа на памет во скоро време да престане со готвењето.