Илон Маск започнува тестирање мозочни чипови кај луѓето

Сподели со своите пријатели

Имплантите за кои Маск вели дека би можеле да им овозможат на парализираните луѓе да одат, веќе се тестирани на мајмуни и заморчиња.

Loading...

Неуралинк, американска невротехнолошка компанија во сопственост на Илон Маск, почна да бара клучни вработени за спроведување клинички испитувања, што укажува на неминовен почеток на тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе, пишува Гардијан.

Neuralink објави огласи за работа за директори на клинички испитувања и координатори на клинички испитувања.

 

 

Во најавите се наведува дека вработените тесно ќе соработуваат со некои од најиновативните лекари од оваа ера и врвни инженери, како и со првите учесници во клиничкото тестирање на Neuralink.

Маск, чие богатство вреди 256 милијарди долари, минатиот месец изјави дека е голем оптимист во врска со овие проекти и тврди дека имплантите можат „да им овозможат на тетраплегиците да одат“.

Loading...

Тој се надева дека американската Администрација за храна и лекови ќе ја одобри употребата на овие чипови.

 

 

„Мислам дека со Neuralink имаме шанса да го излечиме и да го направиме функционално телото на човек со оштетен ‘рбетниот мозок. Тоа успеавме да го постигнеме кај мајмуните и заморчињата и направивме многу тестови и потврдуваме дека имплантот е многу безбеден и сигурен и може безбедно да се отстрани“, рече Маск.

Сепак, како што потсетува „Гардијан“, овој мултимилијардер кој е на чело на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“ има долга историја на големи ветувања поврзани со Неуралинк.

Пред три години тој веруваше дека првите импланти во главата на човекот ќе бидат поставени во 2020 година, а меѓу другото тврдеше дека имплантите ќе се полнат безжично.