Илон Маск: Само не ја напаѓајте Русија, тоа никогаш не била добра идеја

Сподели со своите пријатели

Желбата за инвазија на Русија, без оглед на годишното време, секогаш била лоша идеја, изјави на социјалната мрежа „Икс“ извршниот директор на компанијата „Спејс Икс“ и сопственик на социјалната мрежа „Икс“ Илон Маск.

Loading...

Така, тој ја коментираше објавата во која се исмејуваше инвазијата на Наполеон Бонапарта на Русија во 1812 година, што резултираше со бегство на неговата војска на почетокот на зимата.

– Наполеон не беше толку паметен – се наведува во објавата.

На оваа порака Маск одговори со насмеано „емоџи“, доведувајќи ја во прашање адекватноста на самата идеја за инвазија на Русија, без оглед на годишното време.

– Само не ја напаѓајте Русија. Никогаш не било добра идеја – напиша тој.