Американскиот милијардер Илон Маск предизвика спор преку интернет со украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако тој побара од корисниците на Твитер да гласаат за неговите идеи за ставање крај на инвазијата.
Во твит Маск предложи избори во окупираните региони под надзор на Обединетите нации.
Тој понатаму предложи Крим да остане официјално дел од Русија „како што е од 1783 година, да се обезбеди снабдување со вода и Украина да остане неутрална“.
– Русија ќе си замине ако тоа е волјата на народот – додаде тој.
Шефот на Tesla побара од корисниците да гласаат „за“ и „не“ за неговата идеја.
Ukraine-Russia Peace:
– Redo elections of annexed regions under UN supervision. Russia leaves if that is will of the people.
– Crimea formally part of Russia, as it has been since 1783 (until Khrushchev’s mistake).
– Water supply to Crimea assured.
– Ukraine remains neutral.
— Elon Musk (@elonmusk) October 3, 2022
Но, неговата иницијатива ги разбесни Украинците, реагираше и Володимир Зеленски, кој ја објави својата анкета.
– Кој Илон Маск го преферираш? – го праша Зеленски, давајќи два одговори:
– Оној кој ја поддржува Украина или тој што ја поддржува Русија.
Which @elonmusk do you like more?
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2022
Украинскиот амбасадор во заминување во Германија, Андриј Мелник го избра третиот одговор.
– Од**и е мојот многу дипломатски одговор на Илон Маск – напиша Мелник.
Сопственикот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека некои влади, но не и украинската, му наредиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис Starlink да ги блокира руските извори на вести и медиуми.
– Нема да го направиме тоа освен ако не сме на ќош. Извинете што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот – рече Маск.
Starlink has been told by some governments (not Ukraine) to block Russian news sources. We will not do so unless at gunpoint.
Sorry to be a free speech absolutist.
— Elon Musk (@elonmusk) March 5, 2022
Сепак, тој ги стави на располагање своите сателити „Старлинк“ на Украина, поради што наиде на предупредување од Русија дека може да стане легитимна цел.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.