Илјадниците мигранти снимени со дрон (видео)

Сподели со своите пријатели

Видео снимката која е направена со дрон од страна на ”Russia today”, сними илјадници бегалци на грчко-македонската граница кај Гевгелија во текот на вчерашниот ден. Мигрантите чекаа да продолжат на север со надеж дека ќе стигнат до Европските земји.

Loading...

Откако Владата на Република Македонија прогласни кризна состојба на граничните премини на север и југ од државата, беа распоредени припадници на Специјалните единици како и АРМ при што вчера дојде до ескалација на ситуацијата со мигрантите и силите на безбедност.

Против мигрантите беше употребена сила и шок бомби, и најмалку осум лица беа повредени.

Сепак, стотици мигранти беа пуштени да ја преминат границата – претежно семејства со мали деца.

За денес во 15 часот, се очекува нова тура од 600 мигранти од Блискиот Исток кои ќе пристигнат на преминот Табановце.