Илјадници бебиња на царскиот пингвин исчезнале во морето на Антарктик

Сподели со своите пријатели

Илјадници бебиња на царскиот пингвин се удавиле во морето кога тешките временски услови уништиле глечер на кој живееле.

Loading...

ВВС потсетува дека оваа катастрофа се случила во 2016 година во Веделово море, а научницит еобјаснуваат дека колонијата пингвини живееле на тенок мраз кој бил поврзан со глечер, а дека постарите пингвини не успеале да ги префрлат младенчињата на побезбедно место.

Меѓутоа, како што велат, најверојатно тоа било бесмислено, затоа што големата санта мраз на која лежеле веќе се поместила. За големиот губиток известуваше тим на Британски истражувачи на Антарктикот (БАС), по што докторите Питер Фретвел и Фил Тратан на фотографиите кои ги забележал сателит забележале исчезнување на колонијата.

Животинскиот измет бил во радиус од 800 километри, па врз основа на тоа заклучено е колку пингвини исчезнале. Во оваа колонија во изминатите неколку децении се раѓале од 14.000 до 25.000 парови, па вос уштина преку ноќ исчезнале пет до девет отсто од светската популација пингвини.

Царскиот пингвин бил најкрупниот вид пингвини на кој му била потребна цврста ледена подлога која може да издржи до април, затоа што младит ептици на свет пристигнуваат во декември. Доколку глечерот се стопи и распадне пред време, младенчињата не се подготвени за пливање, затоа што не им се целосно развиени перките за студена вода.

Др. Фретвел за ВВС рекол дек аледената подлога формирана во 2016 година не била доволно цврста.

Loading...

– Бурни ветрови кои дуваат во октомври и ноември започнале да дуваат порано. Дошло до промени во сезоната на ветрови, рекол тој.

БАС тимот верува дека постарите птици преживеале и поради разможување се преселиле на некои други места во морето. Колонијата која е одалечена околу 50 километри и се наоѓа во близина на глечерот Досон – Лембтон сега има повеќе жители од било кога.

фото: Пиксабеј

Leave a Reply