Илјада средношколци ќе бидат дел од „Гимназијада 2016“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Вкупно илјада ученици од 60 средни училишта од Република Македонија ќе бидат дел од овогодинешното издание на најголмата средношколска спортска манифестација „Гимназијада“ која ќе се одржи од 5-ти до 7-ми мај.

Манифестацијата ќе се одржи под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Агенцијата за млади и спорт, како и Федерацијата на училиштен спорт на Република Македонија, а свеченото отворање со голем музички хепенинг во кој учество ќе земаат над 300 ученици од Куманово ќе се одржи на 5-ти мај со почеток во 20 часот во Спортската сала во Куманово.

Како домаќини с епотрудивме тоа да биде тоа едно свечено отварање со перформанси, со настапи на определени културни и школски секции кои ќе дадат допринос во целиот амбиент на спортот, младите односно на оваа престижно натпреварување. За нас е голема чест што имаме можност да бидеме домаќини на над 1000 дечиња што на некој начин ќе го промовираме градот, а во исто време и ќе покажеме дека сме спортски град, град кој се грижи за младите и спортот, пред се за училишниот спорт како можност за развој на спортот – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Loading...

 

Според Дамјановски околу милион денари ќе бидат дадени за поддршка на оваа манифестација, а дел од средствата се искористени за реконструкција и санација на спортските сали, отворените терени, како и закуп на спортскиот терен за голем фудбал.

Не случајно Куманово стана домаќин на оваа манифестација, после низа години заобиколвуање на Куманово сепак се наметнавме со многу аргументи, пред се со спортската инфраструктура што ја имаме и што локалната самоуправа во најголем дел ја има изградено за пторебите и на училишниот спорт, но и за спортот и спортските екипи во Општина Куманово и сето тоа беше една од главните причини што ја добивме оваа манифестација. Втора причина е и што во изминатиот период имаме многу успешни организации на вакви настани каде што рејтингот и нивото на организација е на едно високо ниво и се надеваме дека оваа година со роганизацијата што ја имаме направено ќе ја надминеме таа поранешна висока рамка која што Куманово ја постави – рече Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование при Општина Куманово.

 

Голем допринос во организацијата даваат и семејствата на учениците од градот кои ќе понудат сместување за средношколците кои че дојдат од другите градови, а наставниците и организаторите ќе бидат сместени во интернатот „Професор Мијалковиќ“ под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

Во Основнот училиште „Вук Караџиќ“ ќе се игра одбојка машки, во Основното училиште „Толи Зордумис“ ќе се игра одбојката женски, кошарка ќе се игра машки во СОУ „Перо Наков“, а кошарка женски во основно училиште „Христијан Карпош“, ракометот ќе се игра во „Киро Бурназ“ средното училиште и ракометот женски ќе се игра во „Магдалена Антова“. Градската спортска сала ќе биде за футсал машки, а Основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе биде футсал женски, а на Атлетскиот стадион ќе биде атлетиката во сабота, а фудбалот ќе биде во петок – изјави Ивица Ѓоргиевски, раководител на Фондацијата за училишен спорт.

 

Иако претходно беше најавувано дека пливањето ќе биде застапено како рекреативно-промотивен спорт, сепак поради градежните работи кои се уште се изведуваат нема да има пуштање во употреба на затоврениот базен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.