Илиевска објасни каде и на што ќе се трошат народните пари во 2016 (видео)

Сподели со своите пријатели

Ирена Илиевска, раководител на Секторот за финансии при Општина Куманово, во изјава за медиумите дадена по усвојувањето на општинскиот Буџет во рамки на одржаната седница на Совет на Општина Куманово, објасни детално на што и каде ќе се трошат предвидените средства во висина од една милијарда и седумстотини милиони денари.

Во оваа сума, планирани се средства на основниот буџет, средства од дотации и донации, а главен акцент на приходната страна е ставен на основните даноци кои што се сопствени приходи на општината, а тука спаѓаат и средства добиени од комуналните такси, надоместокот за уредување на градежно земјиште, како и надоместокот за утврдување на бесправно изградени објекти, вели Илиевска. 

Следната година, општината од буџетот ќе одвои 450 милиони денари за довршување на градскиот затворен базен, изградба на водоводна мрежа, одржување и реконструкција на нови јавни сообраќајници, канализација и изградба на пречистителни станици за речното корито, како и за функционирање на општинската администрација и јавните претпријатија.