Американскиот произведувач на лекови „Илај Лили енд Компани“ објави дека ги запира клиничките испитувања на терапијата против Ковид-19, спонзорирана од владата, поради безбедносни прашања.
„Илај Лили енд Компани“ не соопшти кои ќе бидатпоследиците од прекинувањето на клиничките испитувања.
Компанијата, претходно овој месец, објави дека ќе аплицира за итна дозвола за употреба на терапија со антитела, лекот LY-CoV555, за пациенти со умерена до средно тешка форма на Ковид-19, врз основа на податоците собрани во друго клиничко испитување.
„Илај Лили енд компани“ е производител на лекови против Ковид-19 кои содржат антитела, слични на оние што ги зема американскиот претседател Доналд Трамп.
На видеото што минатата недела го објави на социјалните мрежи, Трамп ја претстави терапијата со антитела произведени од „Илај Лили енд Компани“, заедно со терапијата на компанијата „Регенерон“, како лек за Ковид-19.
Сања Костовска