ИЈЗ: Помалку новозаразени и починати изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември 2020 година, тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, намалување од 9,2 отсто во однос на минатата недела. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.

Loading...

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на САРС-КоВ-2 изнесува 34,8 проценти, намалување од 2 отсто во однос на минатата недела.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59 (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%), информираат од ИЈЗ.

По добиени два негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

-Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4 проценнти во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години, велат од ИЈЗ.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија може да се види на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Ирена Радовановиќ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *