Играјќи се на плажа девојче пронајде археолошко откритие старо 220 милиони години

Сподели со своите пријатели

Четиригодишно девојче на плажата во заливот Бендрикс, во долината Гламорган во Велс, пронајде добро сочуван отпечаток на диносаурус, за кој научниците веруваат дека може да открие како оделе тие животни.

Loading...

Отпечатокот што Лили Вајлдер го забележала во јануари е стар 220 милиони години и бил зачуван во калта.

 

 

Иако е невозможно да се утврди кој тип диносаурус го оставил, стапалото е долго 10 сантиметри и веројатно потекнува од диносаурус висок 75 сантиметри.

Кустосот за палеонтологија на Националниот музеј на Велс, Синди Хауелс го опиша како „најдобриот примерок некогаш пронајден на оваа плажа“.

Мајката на девојчето, Сали, објасни дека таа и нејзиниот татко Ричард го откриле стапалото и го фотографирале, а потоа стапиле во контакт со експерти, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Диносаурусот, кој оставил свој белег, се смета за „витко животно“ кое одело на нејзините две задни нозе и активно ловело други мали животни и инсекти.

 

 

Познато е дека диносаурусот Коелофизис направил слични отпечатоци во САД.

Се смета дека примероците претходно пронајдени во заливот Бендрикс се повеќе влекачи од типот крокодил отколку на диносаурусите.

Фосилот бил отстранет оваа недела и однесен во Националниот музеј во Кардиф, каде што ќе се чува.

Диносаурусите првпат се појавиле пред околу 230 милиони години, а нивните отпечатоци може да ја расветлат раната точка на нивната еволуција, кога различните групи за првпат се диверзифицирале.

Loading...

 

 

„Нивното зачувување може да им помогне на научниците да научат повеќе за реалната структура на стапалото, бидејќи е доволно јасно за да се покажат индивидуални влошки, па дури и отпечатоци од канџи“, се вели во соопштението на Националниот музеј на Велс.

Leave a Reply