ИДФ: Распоредуваме уште една дивизија во јужен Либан, испукани 50 ракети кон Израел

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека распоредуваат уште една дивизија во јужен Либан за копнени операции против Хезболах и дека утринава од Либан врз северен Израел биле истрелани околу 50 ракети.

Loading...

Армијата ги опиша копнените операции во јужен Либан како „ограничени, локализирани и насочени напади“ чија цел е уништување на инфраструктурата на либанската група Хезболах во пограничната област, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се наведува и дека утринава од Либан биле истрелани околу 50 ракети кон северен Израел, поради што се слушнале сирени во градовите на горната и западната Галилеја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како 20-годишното собирање податоци резултираше со атентат врз Насрала?

Засега нема информации за повредени.

Општина Метула, од која се евакуирани повеќето жители, соопшти дека во пожарот во баражот се оштетени десетина куќи, пренесува Танјуг.