ИДФ: Ја пробивме првата линија на одбрана на Хамас, бројот на загинати војници се искачи на 17

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) вели дека копнените сили со воздушна и поморска поддршка сега ја пробиле првата одбранбена линија на Хамас во северниот дел на Газа.

Loading...

Израелскиот командант рече дека израелските сили се пред „портите на градот Газа“.

Во текот на ноќта, силни експлозии и гранатирање можеа да се слушнат во градот, вклучително и во близина на болницата Ал Кудс, објави палестинската Црвена полумесечина.

Израелските власти претходно ја предупредија болницата веднаш да се евакуира.

Сепак, претставници на ОН рекоа дека тоа е невозможно без да се загрозат животите на пациентите.

Дополнително, ИДФ утрово извести дека бројот на израелски војници загинати во копнените борби во Газа се искачи на 17.