ИДФ: Израелски авиони гаѓаа оперативни центри на Хезболах во Либан

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта израелски воени авиони погодија неколку цели на Хезболах во Либан, соопштија утринава израелските одбранбени сили (ИДФ).

Loading...

Меѓу погодените цели биле и неколку оперативни центри на терористичката група поддржана од Иран, според Тајмс оф Израел.

Во текот на ноќта, ИДФ забележала неколку проектили истрелани од Либан кон Израел и одговориле со гранатирање.

Израелските сили не соопштија за жртви.