Идентификувано е починато тело пронајдено вчера спроти Спомен Костурница

Сподели со своите пријатели

Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата дека лицето е идентификувано, а причина за смртта е природна смрт.

Loading...

Телото беше пронајдено вчера околу 13:50 часот од страна на деца од ромската населба Средорек кои се играле на локацијата при што веднаш повикале полиција.

Увид на лице место извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Куманово и Основното јавно обвинителство Куманово, при што лекарите по увидот констатирале дека нема видливи траги на насилство, а истиот починал од природна смрт.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.