Ибрахимовиќ постигна повеќе голови за Милан отколку за Интер

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец синоќа на мечот од 5. коло на италијанскиот шампионат против Рома (3:3). Сега тој има 58 голови за „росо-нерите“ во целата своја кариера.

Loading...

Претходно, Ибрахимовиќ играше и за друг клуб од Милано – Интер за кого постигна 57 погодоци.

Швеѓанецот против Рома ја затресе противничката мрежа веќе во 2. минута. Според прес-службата на клубот, 1 минута и 48 секунди е најбрзиот гол на Ибрахимовиќ во дресот на Милан настапувајќи во Серија А.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply