И во седмата деценија од животот имаат огромен број следбеници на Инстаграм (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тие се пример дека животот не застанува по педесеттата година. Храбри и покрај своите години вистински се пример и инспирација за секоја млада жена. Се работи за жени кои на социјалните мрежи пленат со својот стил, личност и самодоверба. Нивниот гламурозен стил на облекување, секако е вистински бум и голема промена во морето „обични“ профили.

https://www.instagram.com/p/BheMUMeh2CK/?utm_source=ig_embed

Loading...

Со својот специфичен стил и стас тие се издвојуваат како пионерки во трендот кој би требал да заживее и да се развива и натаму, а тоа е афирмацијата и растот по петтата деценија од животот, кога луѓето обично чекаат пензија убедени дека направиле се што имале. Тие тоа го демантираат со својот начин на живот и покажуваат колку е важно човекот да работи на себе и да се развива, без оглед на годините.

Лин Слејтер (64) професорка на Универзитетот Фордхам во Њујорк, на широката јавност е позната како Инстаграм Идол. Има стотици следбеници на оваа социјална мрежа.

– Немам 20. Ниту сакам да имам 20, но сум неверојатно кул. Тоа го помислувам кога ќе објавам фотографија, рекла таа, а пренесува Индепендент.

https://www.instagram.com/p/Bk0d75UH0qx/?utm_source=ig_embed

– Нема да бидеме стари жени кои седат во старачки дом со виолетова коса од ехотон, рекла Џени Ки (71).

Кога ќе помислите на баба сигурно мислите на онаа која прави џем и зимница, но не и кога е во прашање Џени. Таа се занимава со дизајн, а нејзините следбеници на Инстаграм се воодушевени од нејзиниот стил.

– Ако сакаме да бидеме во старачки дом ќе пушиме своја марихуана, ќе јадеме своја здрава храна и ќе имаме одличен стил – тоа е нејзиниот план за иднината, кој не се вклопува во стереотипите.

https://www.instagram.com/p/BcpvDKHAMwf/?utm_source=ig_embed

Стилот и грациозноста немаат апсолутни каква врска со години, а тоа го покажа и некогашната Плејбој зајачица, која сега е во деветтата деценија од животот.

Дори Џејкобсон (83) на својот Инстаграм рекламира долна облека и покажува како да се облечете модерно и со вкус и во третото животно доба.

– Носете го она што ви се допаѓа, „прикладно за годините“ со тоа нема никаква врска, порачува таа.

https://www.instagram.com/p/BNM3SsPhd7m/?utm_source=ig_embed

Било да се носат шарени џемпери, оскудни костими за кепење или розова маичка, Вен Винкл стекнала култен статус, а ја следат милион луѓе на Инстаграм.

Амбасадорка е на големи брендови за нега на коса, телото и светски произведувач на вотка. Да, вотка.

Leave a Reply