И тоа се случи: Заев гостуваше во дневникот на Сител (видео)

Сподели со своите пријатели

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, вчеранавечер беше гост во ТВ Сител, каде во едночасовното интервју со Драган Павловиќ – Латас, одговараше на новинарски прашања, кои според пошироката македонска јавност беа оценети како крајно провокативни, и прашања кои повеќе наликуваат на полициско испрашување, а не на дебата која треба да се пренесува во етерот.

Во одреден момент, уредникот на ТВ Сител, на Заев му реплицираше дека “лаже како Турчин”, што предизвика бурна реакција кај граѓаните од турска националност.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, по гостувањето на вестите на Сител на својот ФБ профил напиша: Ова е цената на слободата на медиумите!

Еве како помина едно од можеби најгледаните ТВ интервјуа во последната година.

https://www.youtube.com/watch?v=M-dUMUlrvQs

Loading...