И Словенците со солзавец против бранот мигранти (фото)

Сподели со своите пријатели

Стотици бегалци од Сирија се стопирани вчеравечер при обид да ја преминат границата меѓу Хрватска и Словенија. Тие сега се наоѓаат на ничија земја, а медиумите јавуваат дека полицијата фрлила солзавец врз нив.

Loading...

Телевизијата Н1 наведува дека една жена во целиот хаос се онесвестила, па така десетици лица биле повредени.

Бегалците од Загреб доцна во вечерните часови пристигнуваа до границата со Словенија, каде бараат да ги пуштат да преминат за да го продолжат својот пат кон Западна Европа, пренесува агенцијата Хина.

За среќа ситуацијата набргу се смирила и бегалците се повлекле.

Инцидентот се одиграл некаде пред 22 часот, а полицијата употребувала спреј против, како што наведува Хина, најагресивната група од околу 500 мигранти.

Slovenija-

Накратко дошло до туркање помеѓу полициските службеници и бегалците, а со спреј биле испрскани и активистите кои се собрале на граничниот премин за да бараат од Словенија да ги пушти бегалците да преминат на словенечка територија.

Состојбата на граничниот премин измеѓу Хрватска и Словенија пред полноќ била релативно мирна, а дел од бегалците кои сакале да влезат во Словенија спијат на земја или бараат алтернативни диви премини – пренесуваат хрватските медиуми.

Loading...

Според последните информации, државниот врв доцна до полноќ беше на преговори за тоа дали Словенија треба да ги пушти бегалците да преминат од ничија територија во Словенија.

Стотици бегалци се стопирани да влезат, а пред словенечкиот премин е поставен кордон од специјална полиција која ги попречува да навлезат на територијата на Словенија.

Во Словенија во прекин е и железничкиот сообраќај од Хрватска, па бегалците одат со автобуски и такси превоз, а некои од нив пеш преминуваат и преку река за да стигнат до границата.

izbeglice-slovenija-1442569075-743501

Уште во текот на вчерашниот ден некои отпатувале со воз, но Словенија го стопирала истиот и околу 150 мигранти сакаше да ги врати назад во Хрватска. Откако хрватските власти рекоа не на таквата одлука, тие се сместени во прифатен центар, а нивното понатамошно мигрирање е ставено под прашалник.

izbeglice-slovenija-1442569335-743509

Сепак тоа не ги спречи мигрантите. Некои дури и по река боси чекорат до целта. Фоторепортерите на Ројтерс снимија група бегалци како преку реката Сутла влегуваат во Словенија.

izbeglice-slovenija-1442569335-743507

Loading...