И рибите во аквариумот имаат свој Дедо Мраз

Сподели со своите пријатели

Аквариумот во Токио се подготвува за Божиќ, кога посетителите ќе можат да присуствуваат на мал спектакл – рибите ќе ги храни самиот Дедо Мраз!

Loading...

Ајака Ошита е 27-годишна нуркачка и последнава година и пол е вработена во аквариумот во Икебукура, Токио, како хранител на риби.

Деновиве таа секој ден носи костум на Дедо Мраз и вежба божиќно шоу за посетителите.

 

 

Три дена за време на божиќните празници, гледачите ќе можат да гледаат како облечен Дедо Мраз ги храни рибите и другите жители на аквариумот.

Бидејќи овој традиционален спектакл е од голем интерес за посетителите, особено за децата, управата на аквариумот нема да соопшти во кое време ќе се хранат рибите, за да се спречи поголема гужва во пандемија.

Loading...