И покрај пандемијата, отворен најубавиот фестивал на ледени фигури (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Осветлени ледени кули и кристални палати изработени од огромни блокови мраз и огромни лавиринти од снег ги пречекуваат посетителите на кинескиот годишен фестивал на мраз во Харбин.

Loading...

Волшебните сцени привлекуваат милиони посетители секоја година во градот на северо-исток од земјата, кој го отвори зимскиот фестивал во вторникот и покрај повторното појавување на жариштата со мал број на коронавирусни инфекции во неколку делови на Кина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Felix Herrera (@felixherrera86)

Подготовките за фестивалот започнаа неколку недели порано и работниците ископаа милиони кубни метри мраз од површината на реката Сонгхуа.

Коцка мраз обликувана во голем цвет осветлена во вторникот вечерта, го означи отворањето на фестивалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DW Travel (@dw_travel)

Зимските олимписки игри во Пекинг инспирираа за промоција на зимските спортови и туризмот низ Кина, а бројот на кинески зимски одморалишта се зголеми за четири пати во изминатата деценија.

Кина во голема мера ја стави под контрола епидемијата на коронавирус, почнаа да се отвораат места за забава и културни настани, а животот се врати во нормала во последните месеци.

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 安娜 (@anna_z_china)

Како мерка на претпазливост, посетителите на фестивалот годинава мора да го покажат „здравствениот код“ на апликацијата за следење на контактите на луѓето кои страдаат од ковид-19, а нивната температура се мери пред да влезат на фестивалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TRAVEL NOTES (@trvlnotes)

Leave a Reply