25.07.2019 03:40

И покрај оставката Харадинај во петок свикува седница на Владата


Рамуш Харадинај во петок планира да одржи седница на Владата, која со поднесувањето на својата оставка сам ја урна, јавува КТВ на албански јазик.

Наведувајќи дека станува збор за антиуставна намера, КТВ, повикувајќи се на свои извори, вели дека седницата ако биде свиката, ќе се одржи практично недела дека по поднесувањето на оставката на Харадинај.

loading...

Потсетуваат дека косовскиот устав по тоа прашање е јасен и еден од неговите членови вели дека со оставката на премиерот е срушена и владата. Се додава и дека уставот не нуди никакви рокови за именување на нов мандатар во случај на оставка на премиерот.

Повикувајќи се на толкувања на експертите, КТВ пренесува дека Харадинај повеќе не е премиер и нема никаква власт.

Инаку, Харадинај чие враќање од Хаг се очекува денеска, во пишана оставка до парламентот наведе дека на чело на „владата во оставка“ ќе остане до изборот на новата.

И покрај поднесената оставка, тој вели дека ќе учествува на новите избори како кандидат за премиер.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments