И новите клупи од паркот во Куманово завршија во река (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Цели десет дена издржаа новите клупи поставени на новоизграденото шеталиште во стариот Градски парк во Куманово.

Loading...

Ноќва непознати вандали откорнале една од нив и ја фрлиле во река. Не ги спречила ни тешката бетноска конструкција на истата, иако надлежните се надеваа дека токму тоа ќе ги одврати сторителите на вакви дела.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски објави фотографија од клупата со прашање „До кога вака“ .

– Уништувањето на јавен имот е уништување на сопствена сопственост, порача тој.

 

 

Според граѓаните единствен спас од ова е поставување видео надзор и стражари.

Loading...

На една од претходните седници на Советот на Општина Куманово, градоначалникот рече дека за следната година ќе се предвидат пари за набавка на опрема за видео надзор, но и пари за физичко обезбедување со приватни агенции, оти претходната пракса на поставување стражари не само што не дела резултати, туку и самите тие биле мета на физички напади.

Општината, според Димитриевски, е веќе влезена во процесот на изготвување документација и поднесено е барање државата да им одобри да вршат видео надзор на јавните површини.

Никола Ивановски