Американецот Пол Баши (35) приведен е минатиот месец во округот Мокомб во Мичиген, поради обид за убиство на неговата девојка Кристина Пери (22), на која и задал 100 удари и убоди со нож.
На снимката која ја забележала надзорна камера во нивниот изнајмен дом, се гледа бодибилдерот кој поради љубомора побеснува и тргнува да се пресметува со девојката.
Loading...
Ја удирал со тупаници, ја шутирал, ја гаѓал со предмети кои му се нашле при рака, но и ја бодел со нож.
Несреќната девојка успеала да се довлече до тремот пред куќата, кога Пол избегал, а тука ја пронашол соседот кој повикал полиција.
Пол набргу по злочинот бил уапсен и задржан во притвор, а одредена му е кауција во износ од пет милиони долари.
Кристина со тешки повреди била пренесена во болница, каде неколку дена минала во кома.
На пол неодамна му започнало судењето за обид за убиство, а Кристина, иако едвај останала жива, побарала од судот да ги отфрли обвиенијата, затоа што не сакала момчето да го гледа зад решетки.
Девојката го изневерувала па тој реши јавно да ја посрамоти (видео)
Судијата го отфрлил нејзиното барање со забелешка дека не е редок случај жртвите под притисок на напаѓачот, да се откажат од борбата.
Благодарение на сенимката, Пол ќе биде процесиран, а обвинителот се надева дека овој случај ќе охрабрти други жртви на семејно насилство да ги пријават злоставувачите.