И мажите наскоро ќе може да раѓаат деца

Сподели со своите пријатели

Со оглед на фактот дека хирурзите веќе успешно имаат извршено пресадување на матката на жените кои се родени без тој орган, многумина се запрашуваат дали на тој зафат ќе можат да одат и мажите.

Loading...

Одговорот е позитивен. Теоретски, организмот на мажите може да прими матка, да носи бебе, па дури и да ја роди, а таа можност е поблизу отколку што мислите.

Претпоставувам дека такви зафати ќе бидат достапни за пет до десет години, а можеби и пред тоа – вели др. Кетрин Чанг, директорка на програмо за зачувување на репродуктивно здравје на Универзитетот во Јужна Каролина.

Денес благодарение на напредокот на медицината трансродните жени со помош на хормнони можат да добијат вистински гради, да дојат, па дури со операција да дојдат до целосно фунцкионален клиторис.

Се до сега, матката им беше недостапна.

Се обложувам дека секоја трансродна жена би сакала да оди на ваков вид на операција – вели др. Кристин мекгин, хирург кој изведува операции за промена на полот и која била главен советник за новиот филм „Данкиња“.

Мекгин, трасродна жена и мајка на близнаци, вели дека мајчинскиот нагон е сериозна работа и дека го чувствуваат трансродните жени (што и да значи тоа).

Трансплантацијата на матката се уште е во завои, но шведскиот тим успеал да пресади матка од живи донатори, а на тој начин се родени пет бебиња. Сега клиниката во Кливленд планира да пресади матка од починат донатор во тело на жена.

Операцијата е опасна и бара специјални инекции за време на бременоста, што го зголемува ризикот од инфекции, но за жените, а и за многу трансродни личности, целта го оправдува ризикот.

Меѓутоа, биолошките жени имаат предност во однос на биолошките мажи кога се работи за пресадување на матка. Тие веќе имаат мержа на крвни садови потребна да ја снабдеваат амтката со крв, карлини лигаменти кои ја држат, вагина и грло на матка, како и природни хормони кои ја подготвуваат матката за бременост.

Loading...

Мажите немаат ништо од тоа, но бременоста за нив не е невозможна мисија. Моментално најголемиот проблем е префрлање на ембрионот во трасплантна матка. Вообичаените патишта подразбираат ембрионот да се вметне низ вагината, но бидејќи биолошките мажи со операција не добиваат и грло на матката, уште не е сигурно со која техника тој дел од репродуктивните органи ќе се пресадува.

Уште поголем проблем се финансиите, пресадувањата генерално се екстремно скапи, а тоа ќе биде прашање на класа, само богатите ќе можат да го сторат тоа, според зборовите на др. Мекгин.