И Каја Калас против Трамп: „Тоа е руска реторика“

Сподели со своите пријатели

НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави денеска високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас, директно спротивно на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Loading...

Во Вашингтон, Калас за АФП изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачката маса, додека Трамп би сакал директно да преговара со рускиот претседател Владимир Путин.

– „НАТО чадорот“ е единственото нешто што навистина функционира, единствената безбедносна гаранција што функционира – рече поранешниот естонски премиер, кој е во посета на Вашингтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ќе се случи со летот ако пилотот го заборави пасошот?

Трамп отфрли секаква можност Украина да се приклучи на НАТО, на што Москва исто така се спротивставува, и беше нејасен за безбедносните гаранции што САД би биле подготвени да и ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот по тригодишна руска инвазија.

Трамп алудираше дека желбата на Украина да се приклучи на НАТО е „веројатно причината поради која започна целата работа“ – војната со Русија.

Каја Калас оцени дека „овие обвинувања се целосно погрешни“ и дека тоа е „руска реторика во која не треба да веруваме“.

Таа праша „зошто на Русија да и се даде она што го сака, над она што веќе го направи, а тоа е напад на Украина, анексија и окупација на територија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на Пентагон за скандалот со објавените пораки: Никој не испраќал воени планови