И го одзел мобилниот на ќерка си за да ја казни: Ги презел нејзините профили и стана попопуларен од неа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кога Меделин Стампер, 15 од Тексас, била фатена како им помага на момчињата да влезат кришно на забава во пижама, нејзините родители решиле дека е време сериозно да ја казнат.

Loading...

Тања Форд и Лери Стампер им дозволиле на нивната ќерка да си донесе одлука за нејзината казна – таа или би поминала еден месец без телефон, или би поминала две недели без телефон, но во тие 15 дена нејзините родители би имале целосна слобода на нејзините социјални мрежи.

https://www.instagram.com/p/B5RC0WfnwyK/?utm_source=ig_embed

Меделин избра пократка казна. И веројатно се кае. Нејзиниот генијален татко ги презел нејзините профили и започнал да делува како типична тинејџерка на нив.

„Се чувствувам слатко, но можеби ќе ја избришам фотографијата подоцна“, напиша тој под една селфи фотографија на Инстраграм.

По само еден ден, Меделин молела да и дозволат да се премисли и да не го добие нејзиниот мобилен телефон цел месец.

https://www.instagram.com/p/B4vx9pdH8h7/?utm_source=ig_embed

Да ги направи работите уште полоши, нејзиниот татко стана попопуларен од неа, собирајќи неочекувани следбеници на секоја мрежа. Лајковите се дуплирале.

Тато Лери станал попопуларен дури и од пријателите на Меделин, кои секој час го проверуваат својот Снепчет.

Но, во низата смешни слики, тој не ја заборави ниту својата ќерка.

Loading...

– Ова е Меди. Меди успеа да добие казна. Таа избра да се откаже од својот телефон две недели, но нејзините родители треба да имаат целосна контрола врз нејзините социјални мрежи за тоа време. Затоа, подгответе се за некои одлични објави на Инстраграм, снепчетови и тик-токови од нејзините родители – напиша тој под фотографијата каде неговата ќерка учи и се крие од камерата.

https://www.instagram.com/p/B4tGfzEnj6Y/?utm_source=ig_embed

Во другите постови, Лери ја облече облеката на својата ќерка, запеа во автомобилот и сними видео во кое им даваше совети на другите како да трчаат.

Тој сега има многу следбеници, вклучително и родители кои се колнат дека ќе ги казнат своите деца на ист начин.

https://www.instagram.com/p/B5I3g9vHcWF/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B4x-8QLnNtl/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply