И денеска услови за слаб дожд

Сподели со своите пријатели

Во западните делови на Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 км/час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и услоби за слаби врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, кога сѐ уште ќе има услови за врнежи од дожд.

Loading...

Во текот на денот облачноста на моменти ќе се намалува, а максималната температура се очекува да достигне до 8 степени целзиусови.

 

 

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег.

Во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови од замјава.

 

Loading...

 

Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Никола Ивановски

Leave a Reply