И денеска услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно и нестабилно време ќе имаме во текот на денешниот ден, а како што посочуваат од Уравата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а максималните во интервал од 24 до 33 степени.

Во Куманово и околината денеска според порталот за временска прогноза accuweather, ќе преовладува сончево до умерено облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи.

Во првите два дена од следната недела времето ќе биде претежно стабилно и топло.

Leave a Reply