Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени. УВ индексот ќе изнесува девет.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со температури кои ќе се движат од 21 степен во утринскита часови до максимални 41 во текот на денот.
Како што додаваат од УХМР, Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината.
Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен.
Никола Ивановски