И денеска пеколно топло време, попладне услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и појава на краткотраен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 15 до 22 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време. Во попладневните часови можна е појава на локално невреме проследено со грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 36 степени целзиусови.

До петок под влијание на многу топла воздушна маса, времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.