И денеска облачно со врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и изутринава времето беше облачно со врнежи од дожд, особено во западните делови, а на планините од снег.

Loading...

Утрово на места има појава на слаба магла, а во Демир Капија магла со намалена видливост до 50м, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег е метео прогнозата на синоптичарите при УХРМ, за во текот на денот.

Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи околу 11 степен.

Слично време ќе се задржи дури до следниот четврток.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply