И денеска нè очекува „потоп“

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат нешто поинтензивни во северните и источните делови.

Loading...

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во границите од 10 до 16, а максималната дневна од 14 до 19 степени целзиусови.

Во околината на Куманово денеска не очекува врнежливо и свежно време. Скоро во текот на целиот ден ќе имаме врнежи, а на кратко истите ќе бидат проследени и со грмежи во попладневните часови.

Ќе се разбудиме во врнежлива атмосфера со минимална утринска температура од 11 степени, а во текот на денот може да очекуваме максимална вредност од 17 степени целзиусови.

До крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Така во петок ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а нови обилни врнежи ќе има во сабота, кога локално се очекува да наврнат околу 50л/м2, особено во западните и северните делови од земјата, додаваат од УХМР.