И денес вклучен портокаловиот аларм, температури до 42 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 15 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе има висока вредност и тоа со коефициент 9, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со максимална температура на воздухот до 38 степени, а ќе дува слаб ветер од јужен правец.

До утре нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури вдолж Повардарието и во јужните делови ќе го надминуваат 40-тиот степен.

Во недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Дневните температури ќе опаѓаат за околу 5 степени, а во крајните југоисточни делови сеуште ќе се задржи многу топло. Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.

Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, која во понеделник и во вторник ќе биде во интервал од 22 до 31 степен.

Потоа од среда температурата ќе биде во постепен пораст.