И денес променливо облачно со можен локален дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, почест во западните и во северните делови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 11, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 12 до 19 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, но и умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени целизусови, која во текот на ноќта ќе се спушти до 6-от степен.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, во попладневните часови со локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Во следните два дена утрата ќе бидат посвежи, предупредуваат од УХМР.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.