И денес пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот и во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од од 13 до 20 а дневната највисока температура од 24 до 31 степен.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со пороен дожд во текот на целиот ден, а можни се и силни елеткрични празнења, особено во попладневните и вечерните часови. Максималната температура на воздухот ќе изнесува 29 степени целзиусови.

Во текот на утрешниот ден ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно со врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во првата половина од денот и во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во  попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...