И денес пеколно топло, во петок пад на температурите за 10 степени

Сподели со своите пријатели

И денеска ќе се задржи претежно сончево и многу топло време, со дневна температура која во најтоплите делови од земјата ќе го надмине 40-иот степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со температури до 36 степени целзиусови.

Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе услови опаѓање на дневната температура најпрвин во северните делови, каде кон крајот на денот ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во петок во текот на ноќта, а особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Трендот на намалување на температурите ќе продолжи и понатаму, така што во недела се очекува да опадне за 8-10 степени во споредба со утрешната.